Од денеска до 13 август, златниот антички наод од неготинското село Тремник е изложен во Археолошки музеј, информираше директорката на Музеј на град Неготино, Драгица Чекоровска.

Директорката соопшти дека на свеченото отварање, освен таа, обраќање имала и в.д.директорката на Националната установа Археолошки музеј, д-р Славица Бабамова.

Изложени се 30 фотографии со димензии од 100 на 70 сантиметри, изработени на форекс, на кои е претставен златниот наод пронајден 2008 година, на археолошкиот локалитет “Орманков гроб“ во Тремник. Накитот датира од 4-3 век пред наша ера. На фотографиите се претставени повеќе златни предмети. Вупната тежина на овие предмети изнесува околу еден килограм, со 22 проценти каратно злато, појасни Чекоровска за МИА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.