В среда и четветок, на 7. и 8. февруари од 19:30 часот, во Котур, ќе се одржи зимскиот МакеДокс.

Предвидени се две проекции на две документарни остварувања од последното издание на МакеДокс, првиот од програмата на нови автори, а вториот од главната програма – добитник на главната награда Кромид на 14 издание на МакеДокс.

СНАЈКА: ДНЕВНИК НА ОЧЕКУВАЊА, во режија: Tea Vidović Dalipi

Секоја врска подразбира спој на двајца луѓе со различни економски, социјални или религиозни идентитети наследени од семејството. Љубовта, бракот и родителството на Теа, која е Хрватка и Мирсад, кој е Ром, наликуваат на невозможна мисија поради остриот контраст помеѓу системот на вредности и обичаи што ги имаат нивните семејства. Обидувајќи се да го урамнотежат товарот од крутите обичаи, од една страна и финансиските притисоци, од друга страна, Мирсад и Теа се на раб да ги разочараат своите најблиски. Притоа, тие ризикуваат и да ги загрозат сопствената врска и изгледите за подобра иднина и за себеси и за нивната новородена ќерка Фрида.

ПОМЕЃУ РЕВОЛУЦИИТЕ, во режија на Vlad Petri

Зара и Марија се спријателуваат на универзитет во Букурешт, во 1970-тите. Но, во Иран има сè поголеми политички превирања и Зара мора да се врати дома. Како што тече декадата, тие ја одржуваат врската низ низа писма каде што ги запишуваат своите напори како жени што се борат за глас, но и како нивните земји, се движат во различни насоки. Покрај далечината и пречките, нивниот копнеж една за друга останува силен.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.