Вечерва во просториите на средното уметничко училиште „Лазар Личеноски” во Скопје, ќе се одржи голема Завршна изложба. Учениците од прва до четврта година ќе се претстават со свои слики, скулптури, графики, ентериерни решенија, цртежи, керамики, но и видеа, фотографии и дигитални принтови.
На изложбата ќе бидат додоелени наградите за првенци на генарацијата. Амбасадорот на Република Италија, Андреа Силвестри ќе им додели благодарници на учениците кои учествувале во проектот реализиран со поддршка на Амбасадата, а со наслов „Canova Art Station“, работен по повод 200 – години од упокојувањето на големиот Антонио Канова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.