По пет фестивалски денови поминати во многу фимови и музика се затвори петтото издание на фестивалот на нов европски филм – Beach Film Festival.

Жирито составено од германскиот режисер и кинематографер Фред Келемен, режисерот Срѓан Драгојевиќ и режисерот Кавех Захеди, ги прогласија и наградија филмовите: Голем бран за најдобро филмско остварување се додели на филмовите:  „Кучка, погрден збор за жена“ во режија на Тијана Зијаниќ и „Бесконечно море“ во режија на Карлос Амарал.

Мал бран за најдобар краток филм ја доби филмот „Сестри“ во режија на Кукла Кешеровиќ.

Стефан Сидовски Сидо, награда за најдобро актерско остварување ja доби актерката Анаис Демостие од филмот „Вљубената Анаис“. Додека пак Special Mention, награда за најдобар краток студентски филм кој секоја година го избира публиката го освои филмот „Слобода“ на режисерката Јоана Розниак.

Годинешното и јубилејно издание на фестивалот се одржа на четири локации, плажата Славија, предворјето на Св. Софија, Лапидариумот и бродот Армада, а публиката имаше можност да ужива во повеќе од 40 филмови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.