Поетско читање, танц, музика и ликовно творење ќе се одржи денеска во Скопје, покрај кејот на Вадрар, во рамките на фестивалот „Нови простори“. Целодневниот фестивал почнува утрово во 9.30 часот и ќе трае до 21 часот. Програмата е поделена на два дела и на две локации – првиот дел е на шеталиштето меѓу ГТЦ и Вардар каде ќе бидат сегментите Нови поетски пространства, Танц на кеј, Светски поетски момент и Сликаме на кеј. Вториот дел ќе ги опфати концертот со сегментите Нов бит и Отворен микрофон што ќе се одржи на скалите под Камени мост, кај сидрото. Ако врне дожд, настанот ќе се одржи во холот на Градскиот трговски центар – приземје.
Продажната изложба ќе биде поставена утрото, а сликарите ќе работат додека трае целата програма. Идејата е целокупниот настан да биде една голема заедничка уметничка инсталација.
Секој учесник ќе биде претставен во време од 6 минути – поетите во 2 минути ќе треба да се претстават себеси, а во 4 минути да прочитаат една или две песни. Сликарите ќе имаат можност да ги презентираат своите дела и да раскажат за својот начин на работа, уметничките погледи и ликовната поетика. Во вториот дел се настапите на музичарите, а пред крајот на концертот ќе биде доделена и наградата за публиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.