Во тек е пријавувањето за учество на Фестивалот „Нови простори“, што ќе се одржи на 18 јуни годинава во Скопје. Пријавувањето ќе биде отворено до 8 јуни.

Како што соопшти тимот на Фестивалот, пријавата за учество на второто издание на Фестивалот може да се пополни на линкот.

– „Нови простори“ е фестивал на новото чувство, новата мисла, новата креација, новиот ден, новиот човек. Отворена порта за сите прогресивни идеи, оригинално творештво, позитивно пријателско опкружување, чиста животна средина и долгорочен општествен развој, во здраво телот – здрав дух. Добрата мисла, позитивното расположение, врвните вредности и развојот на заедништвото е наша примарна цел, се вели во соопштението.

На фестивалот можат да учествуваат артисти од нашата земја, без ограничувања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.