Ве информираме дека на Универзитетот „Гоце Делчев“ започна проектот „УГД – Чекор кон светот“, кој ќе се одвива во следните две недели, а во кој се вклучени актуелните и идни студенти на Катедрата за современ танц при Филмската академија. Овој проект, се одвива под менторство на д-р Рисима Рисимкин, деканка на Филмската академија и доцент м-р Адријана Данчевска.
Во програмата учествуваат актуелни и идни студенти на УГД – катедрата за современ танц при Филмската академија, како и потенцијалните студенти на новите програми. Во првиот дел на програмата со студентите работат м-р Олга Панго, кореограф, професор и актуелен уметнички директор на Националниот балет, м-р Дафина Даниловска, балерина и професор и м-р Маја Митровска, балерина и професор. На студентите ќе им бидат преставени повеќе пристапи и методи на изучување на класичната балетска техника.
Во вториот дел на програмата ќе учествуваат Настија Џјубан, Украина, Ли Мун Ваи, Германија-Сингапур и Викторија Илиоска. Овој дел на програма се остварува во соработка со Локомотива – Центарот за нови иницијативи и нивната програма Култренинг. Третиот дел од програмата е обработка на кореографии од професионални продукции кои на студентите ќе им овозможат комплетна надградба на интерпретација и сценски израз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.