На 05 декември, во 19:00 ч. во Домот на културата Кочо Рацин (Дом на градежници) ќе се одржи отворање на заедничка изложба на фотографии на младата уметница Јана Кузманоска и на Тања Кузманоска и промоција на електронска фото-стихозбирка на Тања Кузманоска, „Верси и визури“.

Ова е интердициплинарен, мултимедијален настан, кој ќе ги спои фотографијата и поезијата.

 

Верси и визури“ е заеднички термин и за фотографиите и за стиховите. Тие се надополнуваат едни со други, без да се даде поголемо значење на едните наспрема другите. Визура е „замислена линија што поаѓа од окото на набљудувачот и оди низ дурбин право до предметот на посматрањето“ – од „Дигиталниот речник на македонскиот јазик“. Во фотографиите како со дурбин се набљудува човековата душа, а во стихозбирката се набљудуваат вистината и лагата; тишината и крикот.

 

Ќе бидат изложени дваесет фотографии во боја, од кои дел се вклучени во фото-стихозбирката и мотивски и естетски се поврзани со стиховите, а дел од фотографиите се “street” и документарна фотографија од заедничкиот престој во Италија на двете авторки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.