Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, во гостувањето на „Тема на денот“ во Дневникот на ТВ „Сител“ зборуваше за реакциите по резултатите од Годишните конкурси за поддржаните проекти од национален интерес во културата за 2024 година, и нагласи дека реакциите не ги доживува како скандали, тулу напротив, смета дека програмата носи нов квалитет за збогатување на културната сцена во државата.
Овие конкурси се основен начин на финансирање на националните установи од културата, а се олеснување во финансирањето на другите корисници, на кои покрај финансиската поддршка им се овозможуваат и други олеснителни околности за реализација на проектите, објасни минситерката за култура.
Костадиновска-Стојчавска повтори дека реакциите се вообичаени, но годинава не се согласува со нивото на дискусијата околу програмата, и додава дека, е очекувана јавна дебата зашто од 2017 година резулатите се објавуваат транспарентно и отчетно, во однос на името на проектот, носителот и висината на средствата, за разлика од минатото кога беше објавуван само список на поддржани проекти.
Дел од јавните коментари се однесуваа и на критика кон членовите на стручните комисии кои ги оценуваат и избираат проектите, за што Костадиновска-Стојчевска изрази жалење дека и тие се изложени на недолични оценки од јавноста, иако се докажани личности од општествено-хуманистичките науки.
Во комисиите има најмалку партиски лица. Тие се составени од професионалци кои имаат свое учество во културата и во менаџирањето и исполнуваат еден од условите кои го имавме, а тоа е да не се повторуваат истите имиња во последните неколку години, посочи министерката на процедурата како се избираат членовите на комисиите.
Таа ги објасни апликациите кои се однесуваат на учеството на алабаснките драмски ансамбли од државата на фестивал во Приштина, Косово. Додаде дека се работи за регионален фестивал чие седиште на одржување се менува секоја година, а следната ќе се одржи во Скопје.
Околу јавната реакција за намален буџет за „Рациновите средби“ во Велес, Костадиновска-Стојчевска објасни дека во критериумите од конкурсот наменети за манифестации со традиција е јасно наведено кој може да добие поголема финансиска поддршка.
Прв пат годинава за „Рацинови средби“ аплицираше здружение, за разлика од изминатите 60 години кога манифестацијата ја организираше Општина Велес. Во еден од критериумите е јасно видливо дека, здржението кое ќе се јави на конкурс за организрање на одредена манифестација треба да има доказ дека минум пет до седум години организирало ваков вид на манифестации. Ова здружение дури имало потреба да ангажира тројца надворешни соработници. Што значи дека не покажува ни капацитет дека самото здружение некогаш имало организирано ваков вид манифестација, туку, Општината Велес во 2023 година ги делегирала надлежностите на ова здружение околу организација на манифестацијата. Тоа само наведува дека Општината сака да се откаже од организацијата на „Рациновите средби“, или дека има друг мотив за да делегира ваква важна манифестација да се организира од здружение кое според своето портфолио не ги исполнува условите за тоа“, ја објасни министерката причината зошто велешкото здружение добило помал износ за проектот.
Надвор од Годишната програма на Министерството за култура, Костадиносвака-Стојчевска прашана за Универзалната сала, изјави дека изградбата продолжува по ревидиран проект преземен заедно со документацијата за преземање на правото за реконструкција на објектот.
Проектот кој беше доставен до Министерството за култура е разгледан од стручната комисија и е оценето дека ги има сите потребни мислења, и тој ревдиран проект е со вметнати измени за градба и со сите позитивни мислења за продолжување на реконструкцијата“, заврши министерката за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.