За Денот на поезијата – 21 март, Општина Центар-Скопје ќе реализира проект посветен на пишаниот збор и ќе му го посвети на Петре М. Андреевски.
Оваа година се навршуваат 90 години од неговото раѓање и во негова чест во рамките на проектот ќе биде презентиран видео-запис што ќе го потенцира големото значење и трајната вредност на делото на Петре М. Андреевски, а присутните гости ќе имаат можност и да се потсетат на дел од неговиот творечки опус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.