Алесандро Билота и Серџо Џерази, автори на „Дилан Дог“, Валтер Бујо, Меркурио Лои и други денеска ќе бидат гости на 10. Филмски фестивал на млади „Џифони Македонија“. Во Младинскиот културен центар во 16 часот тие ќе одржат предавање на тема „Фокус на италијанскиот и македонскиот стрип“, а влезот е слободен.

Претходно, Билота и Џерези ќе се сретнат со авторите на првопласираните дела на конкурсот за плакат, што италијанската амбасада во земјава го спроведе во соработка со Институт „Данте Алигиери“ од Скопје.

Алесандро Билота

Стрипови од италијански автори ќе бидат изложени во фоајето на МКЦ. Меѓу гостите ќе бидат и Андреа Силвестри, амбасадор на Италија во Скопје, кој е страстен познавач на светот на стрипот, а ќе учествуваат и Здравко Гиров и Давор Драмиќанин, македонски стрип автори.
Изложбата ќе биде поставена до крајот на фестивалот – 10 октомври.

Серџо Џерази

Денот на италијанскиот стрип е дел од 22. Недела на италијанскиот јазик во светот.
Фестивалот „Џифони Македонија“ беше отворен синоќа во киното „Милениум“. Млади од седум држави, гости од „Италија Експериенс“ ја наполнија киносалата. Од денеска до 10 октомври тие ќе разменуваат искуства, ќе работат со професионалци од повеќе области поврзани со филмот и ќе ја покажат „Невидливата моќ“, што ја имаат, во духот на мотото на фестивалот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.