Министерството за култура денеска организира одбележување на 1 Јуни, Меѓународниот ден на детето, со продукција на училиштето за театар „Од игра до претстава”. Претставата ќе се одржи на 1 јуни, четврток, со почеток од 18:00 часот, на „Школка” во Градскиот парк.

Во чест на Меѓународниот ден на детето, упатуваме отворена покана до сите семејства, деца, институции за грижа на децата, како и до љубителите на културата. Ве очекуваме да ни се придружите заедно да го одбележиме овој значаен ден, да бидеме на европската мапа преку магијата на театарот. Продукцијата ветува дека ќе биде незаборавен настан како за децата така и за родителите, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Во оваа извонредна изведба на „Волшебникот од Оз” учествуваат група таленти, меѓу кои: Неда Тасевска, Максим Апостоловски, Теофил Сачкарски, Андреј Танушев, Калин Атанасовски, Теона Трошанска, Матеа Кожаровска, Неда Блажевска, Андреа Стојковска, Јосиф Блажевиќ, Јосиф Блажев, Теодора Трајковева, Анастасија Геговска, Дарија Секуловска, Јана Палески, Јана Групчева, Марко Миноски и Ана Марковиќ.

Креативниот тим е составен од преведувачката Мирјана Давчевска, шминкерката Марија Лападатовиќ и сценографите Горан и Александра Сачкарски. Продукцијата е под менторство на Игор Ивковиќ, Марина Поп Панкова, Миодраг Костиќ, Ирена Илиевска и Афродита Кирјаковска.

 

Оваа изведба на „Волшебникот од Оз” се очекува да биде вистинско уметничко доживување за децата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.