Во Венеција денеска во рамки на 18. Интернационална изложба на архитектурата, ќе биде отворена изложбата „Лабораторија од минатото за иднината: Приказни за Летната школа за архитектура во манастирот Свети Јоаким Осоговски, 1992 – 2017“ која е наш национален претставник за оваа година.

Комесар на проектот е Дита Старова Ќерими, а куратори се Александар Петановски, Димитар Крстески, Дарко Драгановски, Марија Петрова и Горан Петров. Излагачи во поставката се: Минас Бакалчев, Митко Хаџи-Пуља, Александар Радевски, Саша Тасиќ и Димитар Папастеревски. За успешна подготовка и реализација, свој придонес дадоа соработниците: Амир Ахмети, Егзона Зендели, Кире Ставров, Влера Тачи, Теодора Илиевска, Сара Алаѓозовска, Ахмед Пошка, Тамара Павлеска, Теодора Стеваноска, Марија Илиев, Горан Трајановски, Маријана Јаневска, Кристијан Ристовски, Едон Фетаху, Никола Момировски, Фјола Пустина, Симона Костовска, Александра Наумовска, Ива Митевска, Енис Абовски, Кирил Кочоски, Мила Јакоимовска, Харика Шехаби, Илија Мошев и Домника Бошкова.

Носителот на проектот е Здружението за истражување на градот „Градот убав“ во Скопје.

Изложбата е посветена на Летната школа на Архитектонскиот факултет. Ја согледува школата како психогеографски асамблаж од парчињата, спомените, кажувањата, приказните за настаните, местата и луѓето во и околу Летната школа.

Овој проект сака да воспостави една динамична реконструкција на делото на многумина, низ сеќавања, спомени, приказни, да погледа од другата страна, спротивставувања во можното секојдневно и возвишено на архитектурата: во куќата, во улиците, во маалото, во прототиповите на суровата транзицијата, во не-местата, во отфрлените материјали, во избликот на чистата архитектура во планините, во спектаклите на природата, во невидливите лавиринти, во пресекот, во колажот/асамблажот/монтажата, во чувството на дом, велат од Здружението „Градот убав“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.