И денеска (1.2.2024 година) бев во Централниот регистар, исто како што бев и во понеделникот на 29.1.2024 година, напиша на социјалните мрежи Христо Петрески.

Во понеделникот ми рекоа дека има само еден Статут од ДПМ депониран во Централниот регистар и дека е тоа Статутот од 26.12.1998 година, кога претседател бил Милован Стефановски. Тој Статут ми го испринтаа и заверија.

Но, откако вчера видов јавно објавен и друг Статут, отидов денес (1.2.2024) повторно во Централниот регистар и таму ми рекоа дека има уште еден Статут и тоа од 2.9.2011 година. На прашањето зошто во понеделникот ми рекоа дека има само еден Статут (тој од 26.12.1998) и ни еден друг, вработените шалтерски работници од Централниот регистар денес ми одговорија дека е тоа системска грешка, односно дека така им покажал компјутерскиот систем и дека е тоа системска (електронска) грешка, а не нивна грешка (лична, човечка). Денес ми го испринтаа и заверија и тој втор Статут (од 2.9.2011 година), заедно со сета друга придружна документација. Но, тој втор Статут очигледно е невалиден и неважечки, зашто пишува дека тој Статут е донесен (изгласан) на Собрание одржано во месец август и тоа од Собрание на кое присуствувале само 11 членови на ДПМ.

Сите побитни детали во врска со тој фантомски Статут на ДПМ ќе бидат објавени деновиве, а сега само толку, колку да се знае дека сега навистина во Централниот регистар има два Статута (за среќа, има само два, а не и повеќе!?), па членовите на ДПМ и јавноста за сето тоа наскоро ќе бидат посеопфатно информирани.

Скопје, 1.2.2024 година Христо Петрески, претседател на ДПМ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.