Вечер, во 20 часот во Центар Јадро се отвора четвртата самостојна изложба на Јулија Манојлоска, насловена “Пред будење”
Јулија Манојлоска е млада уметница која во својата инсталација „Пред будење“ преку формата, бојата, поставеноста и структурата третира општествени и социјални проблеми од денешницата. Делото за прв пат беше изложено како објект на на ХIV Меѓународно Биенале на млади уметници, со тема „Будења“ во НУ Музејот на современата уметност-Скопје, во 2023 година.
Секој сегмент на просторната инсталација насловена, претставува засебен елемент и дело само по себе. Сите форми кои лебдат се различни идентитети. Ако секаде наоколу постојат различни идентитети и ако ние самите понекогаш сме дел од нив, лебдењето на истите го ставаат уметникот во улога на лутање по есенција. Секоја црна пластична топка е геополитичка, социјална и културна криза која лебди во целосен комфор. Ако идентитетот како синоним значи еднаквост или истост, тогаш „кругот“ е кршлив. Делото „Пред будење“ го претставува изминатиот периодот на колективното „спиење“. И така една црна линија која нацрта една овца еднаш кажа „Пролет е, преживеавме“.
На оваа самостојна изложба, делото и понатака го претставува изминатиот период, како период пред будење, период на лебдење на идентитетите, но овој пат во просторот на движење, каде нивното присуство почнува да и смета на публиката. Повторно го истражува волуменот, формата и бојата како обоеност и шаренило. Инсталацијата, односно објектот е просекот на наталожените емоции, црното индиго на идентитети над нашите глави и некритичкиот поглед кон наметнатото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.