Во холандскиот Националeн музеј во Амстердам во тек е најголемата реставрација на ремек-делото на барокниот сликар Рембрант Херменсон ван Рајн – „Ноќна стража“. По пет години истражување, осум реставратори почнаа да користат техники како дигитална фотографија и вештачка интелигенција заради обновувањето.

„Ноќна стража“ е реставрирана најмалку 25 пати, а овој нов проект за истражување и обновување е најобемниот досега. Генералниот директор на Музејот, Тако Дибитс истакна дека јавноста сега ќе може да го следи самиот процес на реставрација, што, според него, ќе биде уникатно искуство.

Реставрацијата почнува со отстранување на лакот од сликата ќе ја открие богатата историја на уметничкото дело на легендарниот холандски сликар. Лакот нанесен при реставрацијата од 1975 до 1976 година ќе биде отстранет со микрофибер крпи и памук.

„Ноќната стража“ на Рембрант од 1642 година е слика во маслена техника и е една од најраните слики што ја прикажува групата во акција.

Сликата првично е обложена со темен лак и, со годините, тука се наобрало прашина, така што остава впечаток дека прикажува ноќна случка, поради што во 18. век го добила името „Ноќна стража“. Изворниот наслов, според некои истражувачи, гласел: „Градските чувари на Вториот округ под команда на капетанот Франс Банинк Кок“. Називот „Ноќна стража“ првпат е употребен во запис од 1797 година.

Сликата била оштетена со нож двапати – во 1911. и во 1975 година, кога напаѓачот направил 12 резови на платното. Во 1990, друг напаѓач ја испрскал сликата со киселина, па благодарение на брзата интервенција на чуварот, само лакот е оштетен.

Повеќе од два милиони посетители годишно доаѓаат да ја видат оваа слика во Националниот музеј.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.