Во театар Комедија почнаа подготовките за новата претстава „Арсеник и стара тантела“ од Јозеф Кеселринг во режија и адаптација на Лидија Дедовиќ.
Во актерската екипа се: Атанас Атанасовски, Тино Костадиновски, Столе Мицов, Сергеј Димовски, Наталија Теодосиева, Григор Јовановски, Тони Денковски, Маја Љутков, Илија Илиоски и Виктор Арсов.
Асистент на режија е Жаклина Петровска, а драматург е Благица Секулоска. Костимите се на Ивана Каранфиловска, сценогафијата на Сергеј Светозарев, а композитор е Емин Џијан.
Премиерата се очекува во декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.