В сабота, на 19 февруари, во Струмица се отвора новата книжарница на „Литература.мк“. Кафе-книжарницата се наоѓа во центарот на градот, на ул. „Благој Јанков-Мучето“, бр. 4.

Станува збор за прва книжарница на „Литература.мк“ во Струмица, а вкупно осма, по „Literatura.mk Superstore“ во „Скопје сити мол“ и „Ист гејт мол“, како и добро познатите продажни места на улицата „Македонија“, во ТЦ „Рамстор“, „Веро центар“ и ТЦ „Буњаковец“ во Скопје и на Широк сокак во Битола.

На денот на отворањето во градот под Царевите кули, присутните ќе добијат подарок-картичка за попусти, а во првата недела од отворањето на книжарницата ќе има 30 отсто попуст на сите изданија од „Арс Ламина“. Отворањето ќе биде збогатено со музичкиот настап на џез-гитаристите Горан Алиќ и Слободан Ѓошиќ-Боби.

Во „Литература.мк“ во Струмица ќе може да се најде голем избор од белетристиката, книжевноста за деца и стручната литература, од „Арс Ламина“ и други домашни издавачки куќи. Во продажниот простор ќе бидат застапени играчки, едукативни и друштвени игри, колекционерски производи, украси за домот, училишни материјали и богата гифт-програма.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.