Во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп синоќа беше отворена годишната изложба на членовите на Друштвото на ликовните уметници од Прилеп. Пред прилепската публика се претставија 16 ликовни уметници кои ги изложија своите дела.

Уметниците ги презентираа своите дела изработени во најразлични техники, материјали и форми. Публиката има можност да види слики, скулптури, графики односно творби кои се создадени во текот на годинава. Изложбата е традиционална и е дел од годишната програма на друштвото, поддржана од Министерството за култура и туризам, рече Методи Исков, претседател на ДЛУП.

На скулпторот Емил Солески Друштвото му додели награда за најдобро дело претставено на изложбата.

Изложбата е во рамките на одбележувањето на 3 Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.