По повод 100 години од неговото раѓање, а во чест на големиот празник Илинден, ќе се одржи ретроспективна изложба на слики од Вангел Наумовски.

Поздравни говори ќе одржат Рубенс Наумовски, градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, како и Јордан Плевнеш. Ќе бидат прикажани инсерти од архивски видео материјали – Кирил Темков со Вангел за Вангел, а музичко интермецо ќе одржи Владимир Четкар.

По традиција, од 1987 година манифестацијата започнува на 1-ви август во 24:00 часот, а ќе се одржи во домот/галерија на Вангел Наумовски „Охридска порта – Љубица“, на улица „8.Септември“ број.3.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.