Прилепчанката Исидора Николоска го освои првото место на 21. Републички натпревар „Млади библиотекари“ што вчера се одржа во организација на Библиотекарското здружение на Македонија  а домаќин беше НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид .

Николоска со освоени 91 од вкупно 120 бода,победи во конкуренција од 20 учесници од цела држава, кои претходно победиле на општинските натпревари и се здобиле со правото да учествуваат на Републичкиот натпревар. Втора беше Ива Додевска од Куманово со освоени 84 бода, а третото место ѝ припадна на Тијана Стојменова од Струмица со освоени 83 бода.

Прашалникот се состоеше од 29 прашања, на кои натпреварувачите одговараа писмено, во време од 60 минути. Сите учесници покажаа солидни познавања од областа на библиотекарството и солидно ги одговорија прашањата, заклучија членовите на комисијата во состав: Андријана  Апостоловска, Лили Бошевска, Сабија Мустафа, Христина Трпеска и Снежана Стојаноска. Натпреварот се одвиваше  беспрекорно и во најдобар ред, а Библиотеката во Охрид се покажа како одличен домаќин  рече д-р Јана Михајловска , претседател на Библиотекарскто здружение на Македонија (БЗМ).

Во Охрид покрај натпреварувачите беа и нивните ментори како и поголем дел од  директорите на Националните и Локалните библиотеки меѓу кои и Јелисавета Костадинова, директорката на НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

НУ Библиотека „Григор Прличев“ посебно им благодари за помошта на вљубеникот во книгите Илија Илоски, Жито леб, Општина Охрид и Пинокио.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.