Синоќа во Свечената сала на Офицерски дом – КИЦ Битола, се отвори изложбата „Македонски и канадски графичари 7х7“.

Ова изложба е значајен чекор во меѓународната соработка на КИЦ Битола и истата застапува еминентни македонски и канадски графичари како; Брајар Крег, Бони Бакстер, Гери Хушлак, Жо Ан Ланвил, Либи Хаг, Марк Бови, Шон Колфилд, Гај Лангевин од Канада , како и Трајче Блажевски, Ивана Настески, Сергеј Андреевски, Славица Јанешлиева, Ладислав Цветковски, Светлана Јакимовска Родиќ, Мирослава Цветковиќ, Атанас Ботев. Куратори на изложбата се Владо Ѓорески и Дерек Мајкл Бесант. Поставката свое канадско претставување ја очекува во месец октомври годинава.

Во изминатиот период ЈОУ КИЦ Битола, поакажа значителна домашна и меѓународна ликовна активност, промовирајќи значајни домашни и странски автори и поставки, како и нови изложбени простори во Офицерскиот дом – КИЦ Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.