Во петок, 14.01.2022 во 11:00 часот во Кинотеката на Македонија ќе биде одржана комеморативна средба посветена на Горјан Тозија.
Тој почина утрово во Скопје. беше филмски продуцент, поранешен државен секретар во Министерството за култура и советник во Кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски. Тој беше претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ), и раководеше со продуцентската куќа „Вардар филм“. Во периодот од 2017 до 2020 година беше директор на Агенцијата за филм на РСМ, период во кој македонскиот филм го доживува најголемиот успех во светски рамки. Горјан Тозија потпиша повеќе од 50 филмски и телевизиски проекти како продуцент, меѓу кои „Ослободувањето на Скопје“ (2016), „Трето полувреме“ (2012), „Ливада“ (1998), „Џипси Меџик“ (1997), „Преку езерото“ (1997), „Undercover“ (1991), „Sidney Sheldon’s Memories of Midnight“ (1991), „The Forgotten“ (1989), „A time of destiny“ (1988), „Преку езерото“, како и „Пред дождот“ кој доби номинација за Оскар во 1994.
Она што Горјан Тозија го остави како наследство е тоа што македонската кинематографија успеа да се избори да биде прифатена рамо до рамо со сите европски кинематографии. Се бореше за филмскиот работник и за македонскиот филм како никој до сега” – изјави Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм
Во својата обемна професионална биографија вбројува големи успеси на македонската кинематографија.
Со искрено жалење ја примив веста за смртта на филмскиот продуцент Горјан Тозија, кој остави длабоки траги во современата македонска кинематографија и како директор на Агенцијата за филм, и како директор на Националната установа Филмски центар „Вардар филм“. Свој неизбришлив траг остави и со општествените функции, меѓу кои и како Државен секретар во Министерството за култура.
Македонската култура од денеска е посиромашна за уште една личност која својот живот неуморно и со особена жар и емоција го посвети на развојот на македонската кинематографија. Достојни за највисока почит се неговите професионалност и импресивна кариера во филмот, биографија од речиси 40 години во продукциски проекти од седмата уметност и посветена работа и достигнувања во вршењето на многубројни државни функции.Ќе го паметиме како човек со посебна харизма кој ретко се среќава и ќе му бидеме благодарни за неговиот придонес во развојот, унапредувањето и афирмацијата на македонската култура, напиша министерката за култура Ирена Стефоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.