На 9 мај, во 20 часот во Гевгелија во Домот на културата „Македонија“ продолжува националната турнеја на проектот „Простор за разговор“ на Интерарт културниот центар во соработка и со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје.
Во рамки на настанот ќе се изведе претставата „Простор за разговор“ во кореографија и режија на Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски, а костимите се на Благој Мицевски.
Настапуваат танчерите на Скопје танцовиот театар Анастасија Данчевска, Дејан Битровски, Бобан Русески, како и Стефани Шааршмит, Сара Димовска, Клара Христова, Јоана Благадуша, Микаела-Анџела Глигорова, Илина Костовска, Моника Шолевска, Ангела Петровска и Стефанија Милевска Враниќ, студенти на Катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“.
Ќе биде прикажан и филмот кој е специјално подготвоен на таа тема. Планирано е да говорот директорката на Домот за култура Мирјана Крстева Масети, Петар Јанчев, член на Интерсекторска група за родова еднаквост во Општина Гевгелија и Рисимкин, уметничкиот автор на проектот кои ќе зборуваат на темата за родова еднаквост и семејно насилство.
Националната турнеја на овој активистички проект се случува во партнерство со универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, „Националната мрежа против семејно насилство“ и локални партнери од десетте града во Македонија, кои се занимаваат со темата на родово еднаквост и родово базирано насилство.
Премиерата на „Простор за разговор“, беше на 26 ноември 2022 година во Мала станица во Скопје.
Во мај турнејата ќе продолжи низ повеќе градови во земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.