Во галеријата Ко-Ра во Скопје е отворена изложбата „Природа на математиката“ на истакнатиот американски визуелен уметник Пол Ванг, како дел од програмата на „Скопско лето“ 2022.
Кураторот на изложбата Игор Поп Трајков на отворањето на изложбата во саботата ја истакна поврзаноста на креацијата и инспирацијата, па така на уметноста и науката, а со тоа и математиката. Посочи дека како такви, овие две категории се неизбежно поврзани со природата за чие зачувување мораме да се бориме.
Самиот автор заблагодарувајќи се на одличната организација на настанот ја пофали кураторската работа и техничката изведба на неговите остварувања, изведена – со сугестии на кураторот Поп Трајков – во нашата држава.
Пол Ванг има работено на некои од најголемите филмски хитови воопшто, како оние на студиото Дримворкс (како визуелен надградувач и аниматор): Пристигнување (1996), Миротворец (1997), МравкИ (1998), Шрек (2001 и 2003), Забишта (2004), како продуцент на Тинејџ мутанти нинџа желки (2007), Астро момче (2009) Капетан Харлок (2013) и Куче-робот (2017). Како визуелен уметник се истакна со своите инсталации во Детскиот креативен музеј (2021) и во Барот Виридијан (2022). Пол Вонг е и режисер на Кралот на мајмуните оди кон Запад (2011).
Изложбата ќе биде отворена до 10 јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.