Во Драмски театар Скопје денеска почнаа пробите за новата претстава „Моето име е Горан Стефановски“ чија премиера е закажана за 26 март годинава.

Режисер на претставата е Бранислав Миќуновиќ, драматург е Бранислава Илиќ, сценограф Александар Дениќ, костимограф Розе Трајчевска, а авторската музика е на Влатко Стефановски.
Улогите во претставата ги толкуваат: Билјана Драгиќевиќ – Пројковска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујсиќ и Дамјан Цветановски.

 

Стефановски беше познат македонски драматург кој почина во 2018 година на 66-годишна возраст. Тој беше еден од најплодните и најпознати драмски автори, не само во Македонија, туку и пошироко во регинот. Неговите незаборавни драмски текстови се играат на сцени и низ Европа. Зад него остануваат антологиските „Диво месо“, „Тетовирани души“, „Дупло дно“, „Лет во место“ и многу други, кои праизведбите ги имаа токму на сцената на Драмски театар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.