На 6 и 7 февруари (недела и понеделник), со почеток од 21 часот во МКЦ (сала Фросина) ќе се одржат две изведби на „Мајсторот за спомени“ – театарска претстава по текст и режија на Јане Спасиќ, во продукција на независното здружение Артопија.

Успешен психотерапевт, со специфични методи на терапија, кои се состојат од менување на сеќавањата на своите пациенти, полека ги губи своите спомени. Преку неговата борба да ги зачува своите спомени, претставата ги истражува сеќавањата и нивната поврзаност со театарот и животот.

Во претставата играат: Ненад Митевски, Елена Кузманов, Мартин Јорданоски, Бојан Кирковски,  Симона Спировска и Анастасија Аневска.

Билетите по цена од 300 денари се достапни на билетарницата во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.