Во Делчево денеска ќе се одржи 47-то издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Делчево фест 2023“ и Пијанечко-Малешевската свадба како придружна манифестација во функција на туристичка понуда на регионот. По тој повод на летната сцена во Делчево ќе настапат на 600 фолклористи од 20 фолклорни друштва кои ни доаѓаат од Турција, Бугарија, Србија и од неколку градови од Македонија, но и солисти-изведувачи.
Главни ликови на придружната манифестација Пијанечко-малешевска свадба се Дарко и Тамара Спасови од Делчево кои како што велат организаторите ја продолжуваат традицијата и докажуваат дека свадбарските обичаи сè уште се живи и се почитуваат.
Пијанечко-малешевската свадба ја чува од заборав богатата палета свадбарски обичаи и ги промовира свадбарските обичаи како вредно наследство од нашите предци. Дел од свадбарските адети ќе бидат промовирани и на летната сцена во рамките на „Делчево-фест“, велат организаторите.
Организатор на манифестацијата е Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ во соработка со соседните општини и здруженија од областа на културата. Покровител на „Делчево фест“ е градоначалникот на Општина Делчево, а поддржувач Министерство за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.