Претставата „Госпоѓиците од Авињон“ работена според истоимениот драмски текст на писателот Сашо Димоски во режија на Ненад Витанов, вечерва гостува на големата сцена на Центарот за култура во Битола.

„Госпоѓиците од Авињон“ е колажна, со многу измешани жанрови во неа и зборува за некои делови од животот на познатиот сликар Пабло Пикасо и неговите љубови, неговите музи. Ликовите на музите на Пикасо во претставата ги играат Софиа Насевска-Трифуновска, Искра Ветерова, Гордана Ендровска, Ана Стојановска, Ѕвездана Ангеловска и Васил Зафирчев.

Сценографијата во претставата е на Филип Витанов, костимограф е Тања Кокев, композитор на музиката е Калиопи Букле, додека на сценските движења работеше Маја Каревски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.