Владимир Лазаревски, прв обоист и претседател на Синдикатот на Филхармонија во своето денешно обраќање на средбата со новинарите се осврна на три елементи: Зошто одлуката за вдомување на новиот Џез оркестар е погрешна и зошто не можеме да функционираме како два правни субјекти во една зграда, реакциите и лажните обвинувања на ЗЏМ кон вработените на Македонската филхармонија-спин креиран од еден човек со цел да се изманипулира јавноста и одговорноста на Министерката за култура како главен создавач на проблемот.
Не е возможно два оркестри во зградата да фунционираат како два посебни правни субјекти. Зградата е проектирана и замислена како објект за работа на еден симфониски оркестар. Секоја просторија е предвидена и осмислена со цел вработените да можат да ги исполнат своите работни обврски. Реално не е возможно да функционираат две национални устави, два оркестри со годишна програма. ЗЏМ досега реализирале по два три концерти годишно, што е сосема различно од бројот на концерти кои ќе треба да ги реализираат како Национална установа. За да фунционира една институција, па макар таа била во формирање, потребни се и одредени работни места кои ќе ја подржуваат работата на џез оркестарот за кој ќе бидат потребни дополнителни канцеларии, рече Лазаревски.
Во однос на лажните обвинувања од ЗЏМ кон вработените на Македонската филхармонија, Лазаревски потенцираше дека „во ниту една реакција не сме изјавиле дека сме против одлуката за формирање на националниот џез оркестар, напротив го кажуваме спротивното цело време, дека не сме против нашите колеги од џез оркестарот, го подржуваме нивното вработување, официјализирање, ниту сме против против нивни концерти во нашиот објект, за да нема забуна, зборуваме за термин – концерт, не за континуирана работа“.
Во изминатите денови нашата институција е мета на навреди и омаловажувања. Се обидувавме да не ги коментираме сите навреди, спинови и невистини, но јавноста треба да ја знае вистината. Во ниту една реакција не сме изјавиле дека сме против одлуката за формирање на националниот џез оркестар, напротив го кажуваме спротивното цело време, дека не сме против нашите колеги од џез оркестарот, го подржуваме нивното вработување, официјализирање, ниту сме против против нивни концерти во нашиот објект, за да нема забуна, зборуваме за термин – концерт, не за континуирана работа. Досега правеле два три концерти годишно, што не е исто со 20-30 концерти. Исто така невистина е изјавата на нашите колеги од ЗЏМ и изјавата на министерката за култура дека тие работеле во нашата зграда седум години. Објектот на Филхармонија во употреба е пет и пол години. Невистина и навреда е изјавата на нашиот колега Џијан Емин дека потписот на административниот работник, или пак хигиеничар, или било кој вработен во МФ не е важен и не треба да е одлучувачки. Во исто време потсетуваме, дека тие вработени ги опслужуваат нив – ЗЏМ кога ги подготвуваат проектите. Најголемиот спин на ЗЏМ и Министерството за култура е дека вработените во МФ се непријателски настроени кон новоформираниот Оркестар за Џез. Почитувани медиуми, доколку се имаше пријателска намера и се градеше пријателска атмосфера, зошто пред да се донесе одлуката за насилно втурнување, никој не ги праша директорката, Управниот одбор и вработените, подвлече Лазаревски.
Одговорноста на Министерката за култура, Лазаревски ја посочи во тоа дека е донесена одлука за формирање НУ Џез оркестар без претходна консултација со директор, УО и вработени наметнувајќи „привремени“ решенија кои ќе створат траен проблем.
Крајно сме вознемирени и разочарани од односот на Министерката за култура г-ѓа Бисера Стојческа Костадиноска, која што е главниот виновник и одговорна за денешниот проблем. Донесе одлука за формирање НУ Џез оркестар без претходна консултација со директор, УО и вработени наметнувајќи „привремени“ решенија кои ќе створат траен проблем. По потпишувањето на петицијата од 108 вработени не удостои со средба во кабиентот. Иако на средбата пројави разбирање за нашата петиција и ВЕТИ дека на првата владина седница ќе ја промени одлуката за седиштето на Џез оркестарот, не го оствари ова ветување. За епилогот и договореното на оваа средба може да побарате потврда од петте претставници на МФ кои беа на средбата, од директорката и претставниците на ЗЏМ. На средбата беше договорено во интерес на културата да нема дополнителни препукувања по медиумите. Затоа беше МОЛКОТ на МФ, додека ЗЏМ не го одржаа зборот, можеби по диктат на министерката. За крај ја повикуваме јавно министерката Стојческа Констадиновска во интерес на културата да ја промени одлуката за вдомување на НУ Џез Оркестар во Македонска филхармонија како што вети на состанокот за наредната владина седница. Доколку не го стори тоа ќе бидеме приморани да бараме одговорност, оставка преку јавни протести. Почитувани медиуми не бараме посебна подршка во оваа наша борба, посакуваме да ја добиеме поддршката од јавноста само како поддршка за нашата основна дејност – а тоа е КОНЦЕРТНАТА дејност, истакна Лазаревски
Лазаревски до медиумите ги приложи и пораките кои ги размениле со министерката Костадиновска-Стојчевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.