Владата на денешната седница го разреши досегашниот директор на Агенцијата за филм Бојан Лазаревски поради истек на мандатот. За нов директор на Агенцијата е именуван продуцентот Владимир Ангелов.
Претходно, Владата објави Јавен оглас за именување на директор на Агенцијата за филм, во дневните весници „Слободен печат“, „Вечер“и „Коха“ во изданијата на 18.1.2024 година, со рок за пријавување од 15 дена.
На огласот пристигнале три апликации и тоа од Бојан Лазаревски, Гена Теодосиевска и од Владимир Ангелов.
Ангелов, досегашен директор на Кинотеката на Македонија, е дипломиран продуцент. Во Кинотеката работи од 1995 година. Во 2017 е назначен за вршител на должноста директор, а кон крајот на 2018 година е именуван за директор на Кинотеката. Десет години (2006 – 2017) е одговорен за реализација на месечната филмска програма во киното на Кинотеката на Македонија и за тоа време реализира и соработува на голем број проекти што се однесуваат на прикажување на филмски циклуси од разни национални кинематографии, ретроспективи на автори, како и презентација на програми посветени на филмската класика, но и на современата кинематографија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.