„Ветување“ e изложбата од Маја Ралева Миладиновски која беше отворена на 21 ноември во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.
Изложбата е работена од 2016 со мали надополнувања во 2022 година, при што се создадени 20 мал формат слики 10 х 10 см, и 15 слики на картон, сите се поделени на пет препарирани платна каде композициски се распоредени како една голема слика.
Миладиновски вели дека изложбата „Ветување“ е приказна од деценија ипол, исполнета со многу раскажани случувања на мал сликарски формат, преточена во сликарска инсталација од пет големи платна на кои се поставени мал формат сликарски секвенци кои раскажуваат приказна на сеќавање.
Изложбата ја отвори Елена Оровчанец, која посочи дека делата од Маја ги исполнуваат дадените ветувања и споделуваат.
Споделуваат преку боја, форма, композиција, поставеност на фрагментите. Маја не би била Маја доколку и во сликарството не внесе тродимензионалност, не ја доближи сликата до гледачот со сите можни расположливи средства. Впрочем тоа е и нејзината вокација, вајарството. А, изложбата е посветена на големиот човек Јован Ристов, кој целиот свој живот го посвети на заштитата на културното наследство, рече Оровчанец.
На академската уметница Маја Ралева Миладиновски, ова и е 12 самостојна изложба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.