На третата фестивалска вечер на Битола Шекспир фестивалот во 20 часот на сцената на Народниот театар од Битола ќе биде изведена „Венецијанскиот трговец“ на Театарот од Корча, а во режија на Ќендрим Ријани.
„Венецијанскиот трговец“ е едно од најпознатите дела на Шекспир, но и длабоко полемично. Текстот може да изгледа антисемитски, но повремено, за време на толкувањата, покажува одредена контрастна природа. Иако нуди некои традиционални драматични комични и романтични задоволства, „Венецијанскиот трговец“ ги прикажува и последиците од предрасудите.
Играат: Сотираќ Братко, Адем Карага, Дасара Џанголи, Силвио Госкова, Паола Кодра и други.
Во Офф-програмата на фестивалот, ќе гостува полскиот театар од Бјелисток со претставата „Веселите жени од Виндзор“, што ќе биде изведена во 19 часот во Офицерскиот дом.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.