„Редефинирање на (не)зависната театарска сцена“ е темата на дискусијата која вечерва во 19 часот ќе се одржи во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, во рамките на мултимедијалниот фестивал „ArtArea/Артерија“. Во 20.30 часот е закажана промоција на книгата „Век со Конески, мигови со Блаже“ од Владимир Мартиновски, издание на „Бегемот“. Делото ќе го промовира Душко Крстевски.

Во 21.30 часот ќе се одржи театарскиот перформанс – монодрамата „Срам“ на aвторката и изведувачка Ангела Стојановска.

Со перформансот завршува 6. издание на мултимедијалниот фестивал „ArtArea/Артерија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.