Во продукција на „Инкубатор“ – платформа за млади уметници, на 30 октомври, со почеток во 20 часот, во Младинскиот културен центар премиерно ќе биде изведен проектот „Showcase“. Проектот е поддржан од Министерството за култура.

Автор на проектот е Матеа Мијановиќ, а го создава во соработка со уметниците Анастасија Данчевска, Дејан Битровски. Во проектот учествуваат млади уметници, музичарот Теодор Јаневски и танчерките Сара Димоска, Клара Христовска, Јоана Благадуша, Моника Шолевска, Илина Костова, Теона Ѓуровска, Нина Петрушевска, Надја Лукановска, Ивона Маневска, Елена Стојкоска, Елена Терзиева, Миа Петровиќ, Микаела Колцункова (Словачка), Сара Крковиќ (Црна Гора), Марија Андовска, кои се дел од Катедрата за современ атнц при универзитетот „Гоце Делчев“.

Идејата врз која се базира продукцијата е соработка на млади уметници од категориите музика, танц и визуелни уметности, со цел создавање на продукција, чии резултати се презентираат пред јавноста и овие млади уметници ги поставува на мапата на културната сцена кај нас. Проектите „Деконструкција/Котел“ и „Bounce With Me“ се резултат на повеќедневни работилници со младите уметници. Првата кореографија се бави со готова кореографија, која низ процес настражување се деконструира и се прилагодува на нов контекст во интерпретацијата. Во втората кореографија Битровски поминува процес на создавање со малдите уметници од импровизација до кореографија. Тргнувајќи од едно физичко дејство создаваме нарација. Како да ги поврземе сите елементи за да создадеме кореграфски текст?

Дејан Битровски е современ уметник, танчер и кореограф чија позадина е хип хоп и урбаните танцови стилови. Како короеграф соработува со млади уметници, а од 2014 година е дел од Скопје танцовиот театар. Во своите кореографии обработува современи теми. Битровски е асистент на Катедраат за современ танц при УГД. Како танчер гостува на светски фестсивали и театарски сцени во Хаг и Ротердам, Холандија; Братислава,Словачка; Чуанжо, Кина; Њујорк, САД, Париз, Франција, Рига, Латвија, Загреб, Хрватска, Белград, Србија.

Анастасија Данчевска е современ танчер и педагог. Таа е дел од продукциите на Скопеј танцовиот театар, и асистент на Катедрата за современ танц при УГД. Како танчар настапува на светски Амстердам, Хаг и Ротердам, Холандија; Братислава, Словачка; Пекинг и Чуанжо, Кина; Њујорк, САД; Париз, Франција, Рига, Латвија, Загреб, Хрватска.

Теодор Јанески има повеќегодишно искуство во настапи на музичката сцена, како солист и Добитник е на повеќе награди: Трето место за натпревар по гитара во основно училиште и четири награди за прво место во Хармонија во натпревари во средно училиште. Учествува на Лузер фест Скопје во 2019 година, каде добива награда како млад уметник и учествува како дел од бенд на фестивалот Џез Фабрика во Битола. Со бендот настапува по клубови и фестивали низ цела Македонија; Косово (Феризај), Србија (Нови Сад, Белград, Суботица), Бугарија (Софија).

Матеa Мијановиќ е скулптор и продуцент. Со свои дела учествува во повеќе изложби. Во периодот од 2014 до 2020 година работи како асистент на проектите на академскиот скулптор Жарко Башески. Во 2018 година го создава и менаџира проектот „Инкубатор – Платформа за млади уметници“, првично поддржан од Швајцарската амбасада во Скопје, кој се одржува до денес. Во 2018 и 2019 година го создава и менаџира проектот „Современ Стар Град“. Во 2020 и 2021 го создава проектот „Протоген – Прва колонија за применета уметност. Во 2021 работи како координатор на реставрација на „Куќата на Соколови“, проект во рамките на ПЛРК-програмата водена од Светска Банка, со кој комплетно се реставрира и санира традиционална куќа, изградена во 1812 год, која како дел на кратовското градско јадро е заштитена како споменик на културното наследство на Македонија. Матеа Мијановиќ работи и како сценограф и продуцент во повеќе танцови продукции и нивни меѓународни претставувања.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.