Во Националната галерија, објект Мала станица, вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи отварањето на „Годишната изложба“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).
Како што соопштуваат од ДЛУМ, изложбата претставува пресек на современата ликовна продукција на најголемиот број членови на ДЛУМ.
Изложбата е хетерогена и обединувачка, прикажувајќи различни ликовни дела. Нејзиното значење е големо во ликовно-историски контекст, бидејќи овозможува директен преглед и разбирање на тековните интереси и активности на членовите на ДЛУМ, стои во соопштението од ДЛУМ.
Дополнуваат дека изложбата е неселективна, со цел да ги прикаже актуелните ликовни стилови и техники, и да им овозможи на сите учесници јасно согледување на своето место во ликовниот простор на Македонија во изминатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.