Со прикажување на две епизоди од серијалот „Викенд на мртовци“, а потоа и на  филмот „Кајмак“ во режија и сценарио на Милчо Манчевски вечер во паркот „Македонија“, веднаш до домот на култура „Билјана Беличанец“ почнува годинашното  издание на „Кино на отворено“ во општина Кисела Вода.

Како што информираат од Општината, филмските проекции на „Кино на отворено“ се бесплатни и се обезбедени од страна на општина Кисела Вода во соработка со „Авард Филм и Видео“, „Банана филм“, МРТВ и „Вардар Филм“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.