Вечечрва свечено ќе биде доделена наградата „Букстар“ 2024 на Јон Калман Стефансон од Исланд на Фестивалот на европска литератуа кој го организира издавачката куќа „Антолог“, а потоа следи концерт на Чалгија Саунд Систем, а по повод двата јубилеја – 10 години „Букстар“ и 25 години „Антолог“.
Денот ќе започне со „Книжевно отворање кон Европа – македонско искуство“ – значајната втора конвенција на претставници на издавачкиот сектор во склоп на програмата Publishing Europe Fellowship. Учесници ќе бидат Владимир Мартиновски, Билјана Туџаровска-Ќупева, Живко Грозданоски, Снежана Стојчевска, Тијана Милиќ, како и Надеж Агило (Франција), Џорџија Спадони (Италија), Тино Шленх (Австрија/Германија), Манол Пејков (Бугарија), Бенјамин Лангер (Германија). Настанот ќе се одржи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, каде што одделни средби со студентите ќе имаат Мирженка Чехова и Паола Перети.
На истото место во 12:30 ќе бидат соопштени и наградите за најдобар превод „Драги“ 2024, а во „Јуроп хаус“ во 16 часот ќе се одржи панел-дискусија „Читајќи го и преведувајќи го Кафка“ во чест на светското одбележување на стогодишнината од смртта на Франц Кафка. Учесници ќе бидат Зорица Николовска, Венко Андоновски, Соња Стојменска-Елзесер, Бенјамин Лангер (Германија), Јасминка Делова-Силјанова и Бобан Здравковски Андреевски.
Следните настани ќе се одржат во „Лабораториум“. Душко Крстевски ќе го одржи поседниот поткаст „Гол ручек“ за ова издание со Игор Маројевиќ, а Александар Маџаровски ќе го води разговорот со Жозе Луиш Пејшото (Португалија) и Здравка Евтимова (Бугарија).
Доделувањето на наградата „Букстар“ 2024 на исландскиот автор Јон Калман Стефансон за трилогијата „Помеѓу рајот и пеколот“ ќе се одржи во 20 часот, а разговорот со него ќе водат Александар Маџаровски и Никола Маџиров.
Вечерта ќе заврши со големиот концерт наречен 10/25 на „Чалгија саунд систем“ кој е отворен за публиката.
Фестивалот се одржува под слоганот „Преобразба“ и е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија, книжевната мрежа Традуки, ЕУ со тебе (Eu with YOU), Амбасадaтa на Германија, издавачката куќа „Антолог“, а одделни настани и гостувања се реализирани и со поддршка на Амбасадите на Република Чешка и Италија, Културно–информативниот центар на Република Бугарија во Скопје, Италијанскиот институт за култура во Белград, Исландскиот книжевен центар и Институтот за соработка и јазик „Камоеш“. Медиумски покровител на настанот е Македонската радио телевизија. Визуелниот идентитет е авторство на Маја Плачкоска, која го изработи и фестивалското видео.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.