Вечерва, на прво ноември, во 19 часот, Националната опера и балет во Скопје ќе биде домаќин на изложбата „Кара“ – новото дело на уметникот Бојан Ковски. Оваа изложба, инспирирана од незаборавната италијанска икона Рафаела Кара, ја претвора телесната уметност во живописен омаж на нејзината уметност и енергија. 

Ковски преку „Кара“ ја истражува идејата за телото како живо платно, кое станува средство за изразување емоции, ставови и естетски идеали. Во оваа изложба ќе бидат претставени 12 боди арт инсталации, секоја со уникатен визуелен идентитет, кои на 15 македонски модели ќе раскажуваат своја приказна. Тука ќе видиме и некои истакнати лица на македонската сцена – Антониа Гиговска, Калтрина Круезиу, Миа Араби, Александар Динев, Ведрана Ѓорѓевиќ и други – кои со своето присуство го обликуваат духот на изложбата, се наведува во објавата за изложбата.

Во проектот учествуваат и 12 фотографи, како и стилисти.

Влезот е слободен.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.