Танцовата претстава „Само среќа“, по идеја на Томео Вержес, а во изведба на Сандрин Мејзонев, ќе биде изведена вечерва во 20 часот во Домот на армијата во Скопје, во рамките на фестивалот „Танц фест“.
Томео Вержес се бави со прашањето што значи да се биде жена? На кои кодекси, на каков социјален притисок треба да подлежат жените? Според Сандрин Мејзонев во ова дело таа „продира во територијата на жените преку нивните полиња на дејствување и средината во која тие се развиваат. „Само среќа“ го доведува во прашање условувањето на жените и нивниот еманципаторски потенцијал. Не постои желба да се исклучи некој дел од животно дејствување, туку желба да се фокусира вниманието на повеќеслојноста на функционирањето на животот на жената. Некои ќе определат за грижа за домот, за децата, оставајќи ги настрана сите облици на работа и други лични потреби.
Во ова соло, жена, во ритам на метроном, повторува и трансформира низа дневни гестови. Заробеник на ритамот што си го наметнува, на социјалната лудачка јакна, на имиџот, води битка напред-назад, игра со клишеата и гротеската до конечната победа.
„Томео Вержес најде убава сценска метафора за да го продлабочи прашањето и да ги преиспита очекуваните или посакуваните слики што ги држат жените на одреден пат.“ На таков пат се наоѓа изведувачката Сандрин Мејзонев: во ритамот на хипнотичкиот метроном чија каденца ја принудува да ја следи, таа повторува и преобразува збир на дневни движења. Таа се впушта во битка во која си игра со клишеа и говор на телото, почнувајќи од сликата на совршена жена до нејзината трансформација во воин.
Сандрин Мејзонев дипломира на Националниот конзерваториум за музика и танц во Лиони, каде се обучува во областа на изведба и педагогија на современиот танц. Активно настапува од 1992 година, во короеграфии на Енди Дегро, Кристијан Блејз, Абу Лагра, Јан Леро, Мохамед Шафик, Оливер Дибуа. Со Томео Вержес, почнува соработка во 2005 година.
Претставата е поддржана во рамките на програмата „Колекиција Зима – Пролет 2022“ на од Францускиот институт во Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.