Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата Скопско лето, денесла ќе се одржат три настани.

Со почеток во 19 часот во Националната галерија – Чифте амам ќе се отвори меѓународна изложба насловена „А потоа врнеше во длабоката фантазија“. Изложбата претставува концептуален меѓународен проект во кој учесници се: Рафет Јонузи- Косово/Австрија, Арета Мала – Косово/Холандија, Теута Јонузи – Словачка/Австрија, Худа Такрити – Австрија, Кристин Венцел – Романија/Австрија, Михаел Кос – Австрија, Марек Кветан – Словачка, Сорен Дахгард – Данска/ Англија, Саша Буквац – Босна и Херцеговина, Славица Јанешлиева – Македонија, Игор Сековски – Македонија.

Со почеток во 20 часот на Малата сцена на Македонскиот народен театар ќе се одигра театарска претстава “„Поткровје“ во режија на Александар Ивановски.

Со почеток во 20 часот во Салонот на Националната опера и балет ќе се одржи “Гала балетски концерт“, под диригентската палка на Бисера Чадловска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.