Вечерва од 20 часот на сцената на Албански театар во Скопје ќе биде прикажана претставата „Без крв“ од авторот Алесандр Барико, а во режија на Дијана Добрева, во рамките на 49. издание на Млад отворен театар (МОТ).
Претставата е ко-продукција на Драмски театар од Пловдив и народниот теата „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од Велес.
Литературното ремек-дело на Алесандро Барико, започнува со одмазда, а завршува со казна. Граѓанска војна затвора тројца мажи во својот лавиринт: татко, две деца и крволочен Минотаур.
Во текот на годините додека трае зачадениот мир, една убава жена стои пред продавач на билети за лотарија, чекајќи да го започне својот пат или кон смртта или кон пресметка. „Има ли крај на одмаздата, или пак ова е еден маѓепсан круг во кој сите сме проколнати да се вртиме?“, е едно одлично прашање што го поставува овој роман. Засилувањето на одмаздата меѓу луѓето и нациите е препознатлив знак на духот на времето во кое живееме. Човекот е се’ поосамен во „срцето на земјата“.
И само љубовта ги затвора раните без да ја повтори болката.
Претходно, од 18 часот ќе се одржи работилница и перформанс „Мoving inside out“ на сцената на „Јадро“.
Криста Денио и Искра Шукарова се уметници кои работат на полето на танцот и перформансот и ќе одржат работилница за студентите и професионалците во танцот и театарот каде што ќе истражат интердисциплинарните пристапи кон креирањето на перформанс кој е специфичен или врзан за просторот каде што се игра. Употребувајќи танцови и театарски методологии, Денио и Шукарова ќе ги спојат практиките и техниките што се специфични за просторот, кои ги поддржуваат и учесниците во нивното истражување на техниките на раскажување на приказни и креативноста, создавањето и истражувањето и на архитектурата на галеријата Јадро, вклучувајќи го и паркот во близина, дрвјата и природата. Денио ќе се осврне на работата на нејзиниот проект „Проектот Мрежа“, инспириран од еколошките системи на комуникација, делењето на ресурси и преживувањето што се случува во заедниците на дрвјата и што човековите заедници можат да научат од нив. Шукарова ќе ја презентира својата работа во потсистемите на невербална комуникација за да ги употреби соматските практики како една рамка за уметнички израз.
Работилницата ќе вклучува тренинг за движење и глас, што вклучува соматски движења, развојни движења, партнерство и умешност за делење на потешката физичка работа, врз основа на Контактна импровизација и некои техники од Акциониот театар, спојувајќи ги гласот/звукоти движењето преку употреба на високоструктуирани импровизациски вежби. Оваа работилница ќе кулминира со кратки перформанси што ќе ги креираат студентите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.