Расказот „Јоанес Даубманус“ на Дијана Петрова, испратен под шифра: „Фанатик“, е прогласен за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“.
Комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, д-р Иван Џепароски, член и Славе Ѓорѓо Димоски, член, го издвои награденото дело како пример за постмодернистичка наративна постапка, проткаена со ироничен призвук и сместена во македонски книжевен контекст. На Конкурсот пристигнаа вкупно 62 раскази, информираат од Општина Охрид.
Наградата на Дијана Петрова ќе и’ биде врачена вечерва на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која ќе се одржи во селото Велгошти
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.