Академскиот сликар Ферди Булут, вечерва, на 20 септември со почеток во 18 часот ќе има самостојна изложба насловена „Широк сокак во боја” во просториите на КИЦ (Офицерски дом) во Битола.
Станува збор за циклус на визуелни решенија, презентирани преку женското битие, односно преку визуелен приказ на жената со користење на постапката осветлување, наспроти колористичната симбиоза на композициите.
Проектот се реализира со поддршка на Министерството за култура во рамките на проектот „Култура во лето”.
Ферди Булут е македонски сликар од помладата генерација. Излагал во Македонија, Австрија, Франција, Бугарија, Италија и Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.