Вечерва, на третиот и последен ден на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ во 20 часот во Даут-пашин амам, писателите кои учестуваа на Фестивалот ќе читаат извадоци од нивните дела. Станува збор за Дамир Каракаш, Владислав Бајац, Елена Алексиева, Томислав Османли, Броња Жакељ, Рајко Грлиќ, Пијан Славеј.

Во сеќавање на Луан Старова, неговата ќерка Дита Старова-Ќерими ќе биде прочита и извадок од негово дело. Публиката ќе може да слушне и видеообраќање од добитничката на наградата „Прозарт“, Оливера Николова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.