На 5-ти септември во Националната филхармонија со почеток во 19часот ќе се одржи вечер на камерна музика на унгарски музичари. На концертот настапуваат: Јулија Пускер (виолина) која е угледна унгарска виолинистка, пофалена за нејзината „магична едноставност“ и аристократска уметност. Таа настапувала со големи оркестри низ Европа.
Máté Szűcs (Виола) е познат по својата исклучителна техника и топлиот тон. Тој главна виола на Берлинската филхармонија, а настапувал и како солист и камерен музичар низ целиот свет.
Балаш Долфин (виолончело) е прославен виолончелист познат по својата длабока музикалност. Балаш се појавил на бројни меѓународни фестивали и соработувал со многу водечки уметници.
Вечерта ќе бидат изведени дела од Ерно Донањи, Золтан Кодали и В.А.Моцарт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.