Деновиве во просториите во НУФЦ Вардар филм започна дигитализација на аудио ленти (од период 1940 – 2000 година) кои беа зачувани во депото на „Вардар филм“.
Станува збор за околу 400 ленти кои содржат радио драми, документарни филмови, македонска и албанска музика, репортажи и работни фајлови од филмските класици во продукција на „Вардар филм“.
Процесот на дигитализација се одвива во колор грејдинг студиото кое е функционално и како нелинеарна видео монтажна станица и е по иницијатива на вработените на Вардар филм со цел да се зачува наследството на установата во целост и ќе трае неколку месеци. По обработка на сите ленти и физички забелешки кои следуваат со секоја од лентите, фајловите ќе бидат архивирани и попишани во дигитална дата база, соопштија од „Вардар филм“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.