НУФЦ „Вардар филм – Скопје“ годинава одбележува јубилеј – 75 години постоење. Првиот човек на институцијата, директорот Сани Саиди на денешната прес конференција ја претстави програмата со која ќе се одбележи овој значаен јубилеј
Програмата содржи повеќе активности кои ќе се реализираат во текот на оваа јубилејна година, која е планирано да кулминира со голема свечена манифестација за премиерно прикажување на долгометражниот документарен филм посветен на Вардар Филм.
Во програмата се предвидени и прикажувања на најзначајните и наградувани филмски дела од ризницата на Вардар Филм. На наше задоволство проекциите ќе се одржуваат во скоро реновираната сала за проекции, која воедно со првата проекција за прв пат ќе биде отворена за јавноста, информираше Саиди.
Опусот е разновиден и вбројува краткометражнми и долгометражни играни документарни и анимирани филмови како и филмски журнали, на публиката и се познати овие филмски дела бидејќи се работи за најзначајните и наградувани филмски дела од ризницата на вардар филм од периодот 1952 до 1997 година кои всушност ја претставуваат македонската кинематографија од тој период, рече Саиди и подвлече дека преку ревијалната програма ќе биде презентиран дел од историјата на филмот на овие простори.
Според Саиди, во септември е планирано да се одржи отворена недела за граѓаните кои сакаат да се запознаат со просториите и активностите на институцијата.
Предвидено е програмата да се одвива од мај до декември еднаш неделно односно секој петок со почеток од 20 часот во салата за проекции при НУФЦ „Вардар филм – Скопје“, со пауза за време на летните одмори во јули и август. Проекциите ќе бидат бесплатни и ќе се одвиваат со претходни резервации поради ограничениот број на седиште. Саиди изрази особено задоволство што салата за проекции која како што рече била надвор од функција повеќе од 20 години, сега веќе е комплетно реновирана и опремена со комплетна техника и може да одговори на потребите на филмската фела. Воедно би сакал да напоменам дека овој петок со првата проекција салата за првпат ќе биде отворена и пуштена во употреба, во склоп на програмата во септември „Вардар филм“ ќе ги отвори вратите и ќе реализира отворена недела се со цел секој граѓанин и филмски љубител да може одблиску да се запознае со тековните активности на установата, но и со нејзината богата исоторија, подвлече тој.
На средбата со новинарите присуствуваше и продуцентот Буњамин Куртиши, кој работи на документарниот филм за „Вардар филм“ заедно со режисерот Владимир Блажевски и информираше дека подготовките се во тек и на крајот на октомври ќе може да се погледне премиерата на филмот.
Документарецот, кој е поддржан од Агенција за филм, е во режија на Владимир Блажевски, во продукција на „Galaktika pictures“, а директор на фотографијата е Дуле Кардале. Одбележувањето на 75-годишнината ќе биде со голема манифестација во октомври оваа година каде премиерно ќе биде прикажан документарниот филм. Продуцентот Бунјами Куртиши изрази задоволство за соработката со Владимир Блажески и „Вардар филм“, потенцирајќи дека документарецот се наоѓаат во фаза на реализација. За мене во мојата кариера ова ќе биде еден од најдобрите и најзначајните проекти затоа што една продукциска куќа како „Вардар филм“ да бидеш само дел од било кој сектор е задоволство. Ние што работиме во филмската дејност немаме потреба да зборуваме теренот и работата зборуваат за нас, јас сум од најмладите тука во овој тим и се надевам ќе направиме една добра работа, и ќе тераме напред вака како што е исцртано, со успеси, рече Куртиши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.