Утре, 8 ноември, во 12 часот во главната сала на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) ќе се одржи комеморацијата за Оливера Николова, соопштија од ДПМ.

„Друштвото на писателите на Македонија Ве поканува Да присуствувате на комеморацијата за Оливера Николова (1936-2024), нашата писателка чија појава и творештво оставаат неизбришливи траги не само во нашето културно и општествено милје, туку и низ светот, и за чија личност и дело може да се зборува само со восхит и со извонредна благодарност.

Свеченото збогување ќе се одржи утре, 8 ноември (петок) во 12 часот во главната сала на Друштвото на писателите на Македонија, на ул. „Максим Горки“ бр. 18 во Скопје“, извести Друштвото на писателите на Македонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.