Утре, на 13 ноември во објектот „Мала станица“ при Националната галерија ќе се отвори Годишната изложба на членовите на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) со почеток во 20 часот.

Годишната изложба на ДЛУМ претставува пресек на современата ликовна продукција на најголемиот број членови на ДЛУМ.

Изложбата е потполно хетерогена, со обединувачки карактер виден во мноштвото на различни ликовни дела. Значењето на оваа изложба е големо во ликовно-историски контекст, бидејќи овозможува директен преглед и разбирање на тековните интереси и активности на членовите на ДЛУМ.

Изложбата е неселективна, со цел да ги прикаже актуелните ликовни стилови и техники, како и да им овозможи на сите учесници, членови на ДЛУМ, јасно согледување на своето место во ликовниот простор на Македонија во период од една година, соопштија од ДЛУМ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.